Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСАКР ВО ЈУЖЕН ИЗРАЕЛ: Војниците најдоа 40 обезглавени тела на деца и бебиња

МАСАКР ВО ЈУЖЕН ИЗРАЕЛ: Војниците најдоа 40 обезглавени тела на деца и бебиња

Хамас изврши маскар на југот на Израел. 

Војниците наидуваат на незамисливи ужаси во Израел додека ги вадат телата на жртвите, меѓу кои има и околу 40 бебиња и мали деца, а некои од нив се обезглавени, пишува израелскиот „и24 Њуз“.

Новинарите беа поканети денеска да го посетат местото на уништување во Кфар Аз, заедница масакрирана од припадници на Хамас, според израелскиот „и24 Њуз“.

Автомобилите на луѓето беа целосно запалени. Телата сè уште ги собираат и отстрануваат од домовите.

„Мирисот на смртта – тоа е она што остана од некогаш енергичната заедница. Сега странскиот печат беше поканет да ги разгледа последиците од нехуманите злосторства. Повеќе од 70 вооружени терористи ја нападнаа заедницата, нивните тела сè уште лежат на земја за целиот свет да ја види суровоста што ја вршат овие терористи на Хамас“, објавува медиумот.

Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа, загинаа најмалку седум новинари, десетмина се ранети, а двајца новинари се водат за исчезнати, јавува Анадолија.

Во саботата Хамас почна со напади на Израел. 

Слично

Поврзани вести