Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСАКР ВО ИРАК: Ал Каеда егзекутираше речиси 2.000 ирачки војници!

МАСАКР ВО ИРАК: Ал Каеда егзекутираше речиси 2.000 ирачки војници!
Радикалната организација „Исламска држава Ирак и Левант“ (ИСИЛ) на Твитер соопшти дека е одговорна за масакрот на 1.700 ирачки војници. Терористичката група на Твитер дури поставила и фотографија од главата на еден ирачки полицаец, со опис „Ова е нашата фудбалска топка, направена е од кожа“ #WorldCup. Групата која е поврзана со Ал Каеда се „пофалила“ дека убила 1.700 припадници на ирачките безбедносни сили. Овој човек стои зад немирите во Ирак - сака да го надмине Бин Ладен За тоа време, ирачкиот премиер Нури ел Малики тврди дека ирачката војска започнала со „чистење на градовите од терористите“, како контраофанзива на екстремистите кои во изминатите денови зазедоа цели ирачки градови и ги доведоа ирачките безбедносни служби пред капитулација. „Силите на безбедноста ја започнаа својата работа на чистење на нашите градови од овие терористи“, наведува Малики во соопштението, без детали каде и кога започнала операцијата. Екстремистичката сунитска ИСИЛ за неколку дена успеа да заземе голема територија во централен и северен Ирак, се доближи опасно до главниот град Багдад, па дури се закани дека ќе тргне во освојување на светите места на шиитите. Би-Би-Си оцениу дека џихадистите се многу блиску до својата цел - создавање на исламски емират од двете страни на границите меѓу Ирак и Сирија, и Ирак и Турција. Реагираше МНР: Формиран Кризен центар за помош на македонските граѓани во Ирак! Б.А.  
Слично

Поврзани вести