Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСАКР ВО ФЕДЕКС ВО САД: Осум лица се изрешетани со пушка, напаѓачот се самоубил

МАСАКР ВО ФЕДЕКС ВО САД: Осум лица се изрешетани со пушка, напаѓачот се самоубил

Осум лица загинаа при пукање во Федекс, компанија за испорака, во Индијанаполис, пренесува Си-Ен-Ен. Полицијата верува дека напаѓачот извршил самоубиство и дека „во овој момент нема никаква закана за заедницата“.

Си-Ен-Ен, цитирајќи ги официјалните полициски изјави, известува дека неколку лица со прострелни рани биле донесени во локалните болници по пукањето во објектот на компанијата Федекс. Според првичните информации, станува збор за четири повредени лица, од кои две се во критична состојба.

Двајца вработени во таа зграда за изјавија дека слушнале најмалку десет истрели од оружје. Еден од нив вели дека во почетокот помислил дека тоа се звуци на автомобил, но потоа видел човек со пушка и тело на подот. Тие успеале да избегаат.

Полицијата ги истражува причините за овој масакр, за кој се уште нема информации за мотивот. 


Слично

Поврзани вести