Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАСАКР НА ПРОСЛАВА ЗА РАМАЗАН! Пет лица уапсени по пукање семејна веселба во САД, убиени неколку луѓе (ВИДЕО)

МАСАКР НА ПРОСЛАВА ЗА РАМАЗАН! Пет лица уапсени по пукање семејна веселба во САД, убиени неколку луѓе (ВИДЕО)

Пет лица се уапсени, од кои четвроца се малолетници, а повеќе огнени оружја се пронајдени по пукањето во средата попладне во Западна Филаделфија, соопшти полицијата.

Пукањето се случило околу 14 часот и 30 минути во парк каде што околу 1.000 луѓе се собрале да го прослават Рамазан Бајрам, исламска верска прослава што го означува крајот на светиот месец Рамазан, изјави на прес-конференција полицискиот комесар во Филаделфија, Кевин Бетел, пренесува Си-Ен-Ен.

Полицијата верува дека две групи во паркот почнале да разменуваат оган. Полицајците запреле тројца осомничени мажи и жени во бегство и пронашле четири парчиња оружје, рече Бетел.


Едно лице е пренесено во болница со прострелна рана во пределот на стомакот, а малолетник е хоспитализиран со прострелна рана на рацете, соопшти Бетел.

Според првите информации, станува збор за пресметка на две групи.

Според полицијата, еден полицаец пукал во еден напаѓач. Наводно, повеќе лица се уапсени.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести