МАСАКАР ВО КАНАДА: Стоматолог преправен како полицаец уби 16 луѓе
Вооружен маж облечен во полициска униформа уби најмалку 16 лица, меѓу кои и женски полицаец, синоќа во Канада во провинцијата Нoва Шкотска. Ова е најголемиот масакар во историјата на Канада. Тешкото дивеење траело 12 часа и заврши со потера.
Полицијата соопшти дека осомничениот застрелал лица на различни локации во Нова Шкотска, од кои многу случајно. Тој бил убиен после од канадската полиција. Возел автомобил кој наликувал на полициски, а пред да биде фатен, на жителите на провинцијата им било сoветувано да не излегувааат од дома.
Властите сè уште се обидуваат да го утврдат последниот број на загинати оти се стравува дека има повеќе жртви.
Меѓу убиените беше и канадската полицијака за заштита на војската од Кралската канадска полиција (РЦМП) Хајди Стивенсон, кој служела во силата 23 години.
„Хајди одговори на повикот на дежурството и го загуби животот додека ги заштитуваше оние што служеа“, рече командантот на Полицијата на Нова Шкотска, помошникот комесар Ли Бергерман во објавата на Фејсбук.
„Две деца ја изгубија својата мајка и сопругот неговата сопруга. Родителите ја изгубија својата ќерка, а безброј други изгубија неверојатен пријател и колега“, рече комесарот Бергерман.
Премиерот на Канада, Џастин Трудо, ја опиша како „ужасна ситуација“, а премиерот на Нова Шкотска, Стивен Мекнил, им рече на новинарите дек ова е едно од најнемилосрдните акти на насилство во историјата на покраината.
