„Mars“- најпосакувано чоколадо
Според висината на приходите од продажбата американската кондиторска компанија Mars е прва меѓу најголемите производители на чоколади на листата којашто секоја година ја објавува магазинот Candy Industries.
Во 2012-та Mars оствари приходи од 16,8 милијарди долари, пишува француски „Фигаро“. Групацијата има вработено 32.000 луѓе во вкупно 51 погон, а нејзините најпознати марки, покрај чоколатцата Mars, се Bounty, Twix, Snickers и други.
На второ место е германскиот произведувач на полуларното чоколадо Milka, Mondelez International, којшто минатата година оствари проходи од 15,48 милијарди долари.
Помалку познатата Barcel SA, подружница на мексиканската група Bimbo, исто така меѓународен „чоколаден“ гигант, со приходи од 14 милијарди долари во 2012 година.
Швајцарската компанија Nestle се најде на четвртото место со приходи од 12,8 милијарди долари минатата година, а најдобар резултат остварила марката KitKat.
Слично
