Мароканец загина во обид да го заштити синот при земјотресот
Татко загинал обидувајќи се да го заштити својот син при силниот земјотрес од 6.8 степени кој во петокот го погоди Мароко.
Жителката Хафида раскажала како нејзиниот брат Милуд живеел во една од куќите кои се уништени во земјотресот. Вели дека Милуд бил началник на локалната полиција, а тој живеел во куќата со сопругата и нивните деца. Најмалото дете, ќерката, преживеала и сега е во болница во Маракеш со скршена нога. Таткото лежел над синот обидувајќи се да го заштити. Починал при уривањето на зградата. Ова е утврдено затоа што имал повреди на главата, пренесе Скај њуз. Загинаа околу 2.500 луѓе во Мароко. Повеќе земји нудат помош за Мароко, а спасувачите уште трагаат по исчезнатите.
Фото EPA-EFE/JALAL MORCHIDI
Слично
