Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мароканец со мачета уби шпански свештеник

Мароканец со мачета уби шпански свештеник

Мароканец со мачета вчера уби свештеник во црква на југот од Шпанија.

Напаѓачот е уапсен вчера вечерта, откако со мачета нападнал неколку лица во црквите Сан Исидро и Нуестра Сенора де Ла Палма, оддалечени околу 300 метри, лоцирани во јужното пристаниште Алгесирас. Тој не бил осуден за кривични дела и тероризам во Шпанија или други сојузнички земји. 

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка рече дека полицијата ќе утврди дали станува збор за тероризам. Тој додаде дека немало други учесници во нападот. Алгесирас во Андалузија е главната влезна точка за Мароканците кои пристигнуваат во Шпанија. И во Франција, напаѓачи доселени од исламските земји убиваа свештеници. Пред неколку години имаше серија терористички напади. 

Слично

Поврзани вести