МАРКО РУБИО СЛЕТА ВО ИСТАНБУЛ – СОСТАНОК МЕЃУ САД, ТУРЦИЈА И УКРАИНА: Директни преговори меѓу Русија и Украина нема
Трилатерани
средби наместо мировни преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, денеска ќе се одржат во Истанбул.
„Трилатерални преговори меѓу САД, Украина и Турција“ од една страна и меѓу „Руската Федерација, Украина и Турција“ од друга страна се на дневен ред, рече изворот.
Директни преговори меѓу Русија и Украина нема да се одржат.
Утрово во Истанбул, украинскиот советник за национална безбедност Андриј Јермак, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров се сретнаа со
Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во Истанбул на мировни преговори меѓу Русија и Украина. На аеродромот во Истанбул, Рубио и неговата делегација беа пречекани утрово од генералниот конзул во Истанбул Џули А. Еадех и други официјални лица.
Делегацијата предводена од Рубио ќе учествува на трилатерален состанок меѓу Турција, САД и Украина во претседателската канцеларија Долмабахче во Истанбул.
Планирани се низа состаноци во различни формати, вклучувајќи трилатерални разговори меѓу САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција, според извори во турското Министерство за надворешни работи.
На состаноците ќе учествуваат турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, американската делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио, украинската делегација предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров и руската делегација предводена од Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин.
Рубио, исто така, рече дека американската делегација ќе се сретне со високо рангирана украинска делегација и ќе учествува во преговорите меѓу Русија и Украина.
фото: EPA-EFE/FREDDIE EVERETT