Марк Цукерберг ќе работи за еден долар
Фејсбук потврди дека и Марк Цукерберг, основач и главен директор на оваа друштвена мрежа ќе има плата од само еден долар оваа година, пренесува mashable.com.
Цукерберг исто така нема да прима никакви бонуси.
Сепак основачот на Фејсбук нема да стане сиромашен, бидејки поседува голем број на акции во својата фирма. Минатата година според податоци на берзата се покажа дека Марк во акции има 2,3 милијарди долари.
Платата од еден долар е симболична. Бидејки компаниите мораат да ја надокнадат работата на своите вработени, работа за беспари никако не доаѓа во предвид.
Оваа плата стана вистинска традиција меѓу екстремно богатите директори, чија заработувачка всушност доаѓа преку растот на акциите кои ги имаат во фирмата.
И Стив Џобс имаше плата од еден долар, кога се врати да биде генерален директор на ЕПЛ во 1998-та. Сепак иако Марк се откажа и од бонусите тој ќе ги користи приватните авиони на Фејсбук за службени патувања.
Слично
