Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марк Рут: „Европа ризикува да пропадне како Римската империја“

Марк Рут: „Европа ризикува да пропадне како Римската империја“

Европа ризикува да пропадне слично како Римската империја поради кризата со мигрантите.

Тоа го изјави холандскиот премиер Марк Рут, чија земја од јануари 2016 година го презема ротирачкото претседателство на ЕУ, пренесе белгискиот весник L'Echo.

„Треба да го запреме овој поток на мигранти кои пристигнуваат во Европа. Не можеме да продолжиме со сегашните нивоа“, предупреди Рут, цитиран од EU Observer.

Меѓу земјите во ЕУ има многу несогласувања за начините за справување со приливот на стотици илјади Сиријци, Ирачани, еритреици и други мигранти, кои ја напуштиле својата земја, за да дојдат во Европа.

„Првата фаза е да се увериме дека границите се добро контролирани. Римската Империја ни го тоа покажа и сите ние го знаеме - големите империи колабираат, ако нивните граници не се добро заштитени, изјави холандскиот премиер, цитиран од британскиот весник Financial Times.

Рут зборува пред мала група новинари, поканети од Брисел предвид претстојното холандско претседателство на ЕУ во првата половина на 2016 година кога Владата се подготвува да го преземе претседавањето со Советот на ЕУ во јануари, а решавањето на миграционата криза е еден од главните приоритети за време на 6-месечниот мандат.

Запрашан за можен договор меѓу ЕУ и Велика Британија, со кој ќе се избегне евентуален Brexit, Рут изјави дека не е сигурен дека такво нешто може да биде постигнато до крајот на годината.

Министерот за надворешни работи Берт Кондерс пак повика да се преземат неопходните мерки за да се задржи Шенген зоната. Неговиот колега јерун Даиселблум кој раководи со холандското министерство за финансии и Еврогрупата предупреди дека една мала група земји од ЕУ, вклучувајќи ја и Холандија, може да бидат принудени да формираат "мини-Шенген", ако кризата со мирантите не биде решена.

Слично

Поврзани вести