Марк Цукерберг ќе обезбедува интернет пристап до сите луѓе
Основачот и извршен директор на Facebook, Марк Цукерберг сака да обезбеди интернет пристап на сите луѓе на планетата. Вчера го претстави Internet.org - иницијатива за обезбедување на интернет пристап на две третини од населението во светот кои во моментов не може да ја користат од светската мрежа.
Основачите на Internet.org покрај Фејсбук се и Ericsson, MediaTek Inc, Nokia и Opera Software ASA. Партнерските компании ќе развиваат поевтини и поквалитетни паметни телефони и го ќе прошират достапот до интернет во заедниците во коишто тој е моментално слабо развиен.
Едвај 2,7 милијарди луѓе во светот имаат пристап до интернет во моментов, а растот во дистрибуција на интернет е под 9% годишно.
„Internet.org претставува глобално партнерство што ќе работи со цел надминување на овие предизвици, вклучувајќи обезбедување на пристап до интернет, на оние кои во моментот не можат да си го дозволат ", се вели во официјалното соопштение на Цукерберг .
Вебсајтот Internet. org во моментов нуди опис на проектот и неговите цели, како и комплетната листа на партнерите. Во следните недели тој треба да почне да нуди новости околу активностите како и интервјуа со технолошки лидери и експерти.
Слично
