Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марк Цукерберг руши нови рекорди!

Марк Цукерберг руши нови рекорди!
Марк Цукерберг руши нови рекорди! Тој, како извршен директор на Фејсбук, во 2012 година, во џеб ставил неверојатни 2,278 милијарди долари, покажаа резултатите од  истражувањето што го спроведе компанијата GMI Rejtings, што е прв пат, тие да покажат дека еден директор заработил над една милијарда долари. Според GMI Rejtings, платата на Цукерберг од 503.000 долари и бонусот од 266.000 долари се само “ситница“ во однос на неговите акции, пренесе Франс прес. Извршниот директор на енергетскиот гигант Kinder Morgan, Ричард Киндер во 2012 заработил над милијарда долари и акции во вредност над 1,1 милијарди долари. Двајцата ги надминаа заработките на други директори, а на третото место со 255 милиони долари се најде Мел Кармазин, извршниот директор на радиото Sirijus XM, а потоа следи директорот на компанијата Liberti medija Грегори Мафеј со компензација од 254 милиони долара. По нив на петата позција по заработка се наоѓа директорот на “Епл“ Тим Кук со плата од 143 милиони долари.
Слично

Поврзани вести