Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марк Цукерберг продава акции на Фејсбук за 2,3 милијарди долари

Марк Цукерберг продава акции на Фејсбук за 2,3 милијарди долари
Коосновачот на Фејсбук Марк Цукерберг ќе продаде 41,4 милиони акции во вредност од околу 2,3 милијарди долари , за да плати даноци како дел од понудата на 70 милиони обични акции од класа А на социјалната мрежа. Акциите на Фејсбук, чија цена се зголеми двојно оваа година , станаа поевтини за 4% до 53.54 долари пред почетокот на денешната седница . Продажбата на Цукерберг ќе ги намали неговите акции со право на глас до 56.1 % во споредба со 58.8 % во моментов , се вели во соопштението на компанијата. Од Фејсбук соопштија дека Цукерберг очекува да искористи поголем дел од нето приходите од продажбата, за да ги покрие даночните обврски , поврзани со остварувањето на опцијата за купување на 60 милиони акции од класа B. Секоја акција од класа А дава право на еден глас , додека акциите од Б класа даваат право на 10 гласа и во секое време може да се конвертираат во акции од класа А.  
Слично

Поврзани вести