Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мариупол е претворен во пепел, се појавија нови сателитски снимки

Мариупол е претворен во пепел, се појавија нови сателитски снимки

Објавени се нови сателитски снимки кои покажуваат дека украинскиот град Мариупол е уништен. 

Првата слика на компанијата „Makar Technologies“ покажува дека многу станбени и владини згради источно од челичарницата Азостав се целосно срамнети со земја.

Свјатослав Паламар, командант на Азовскиот полк во фабриката, за Си-Ен-Ен изјавил дека фабриката за челик е гранатирана од сите страни.

„Има подруми и бункери до кои не можеме да стигнеме бидејќи се под урнатини. Не знаеме дали таму живеат луѓе или не. Меѓу нив има деца од четири месеци до 16 години“, рекол Паламар.

Градоначалникот Вадим Бојченко изјави дека во двете години окупација на Мариупол за време на Втората светска војна, нацистите убиле десет илјади луѓе. Бојченко вели дека Русите го удвоиле тој број за време на двомесечната опсада на градот. Според градоначалникот, ова е еден од најлошите геноциди во модерната историја. 

Во Буча се најдени уште три тела на убиени цивили. 

Слично

Поврзани вести