Марио Драги: Растот во еврозоната се враќа
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги е уверен дека Европа продолжува да се опоравува и дека еврозоната е поефикасна како обединета економија покрај редицата тешкотии со кои се соочува монетарната унија.
Уште еднаш Драги го повторил своето тврдење дека Европската унија ќе постигне подобри нивоа на раст благодарение на монетарната политика.
„Постигнатиот напредок во последните три години за стабилизација и јакнење на еврозоната е вистински. Растот се враќа“, изјавил Драги по усвојувањето на награда од „Atlantic Council's Global Citizens“ во четвртокот во Њујорк.
„Патот напред е јасен. Нема да запреме додека нашата монетарна унија не е сеопфатна. Тоа е во наш интерес“, изјавил Драги, цитиран од „WBPonline“. Тој додал дека останува во групата на луѓе кои ја поддржуваат поблиската интеграција во еврозоната, за да можат да се извлечат сите позитивни работи од монетарната унија.
„Враќањето на економијата во еврозоната кон одржлив раст, под импулсот на нашата монетарна политика, е добра вест за сите насекаде“, изјавил претседателот на ЕЦБ.
Потсетуваме дека во јануари ЕЦБ ја најави програмата за квантитативни олеснувања, чија цел беше да се стимулира инфлацијата и да се генерира економска активност во проблематичните делови на еврозона. Во моментов централните банки на еврозоната купуваат месечни обврзници за 60 милијарди евра како поддршка за економијата. Програмата треба да трае до крајот на септември 2016 година, но може да биде продолжена, додека инфлацијата не се придвижи во правец на среднорочната цел од речиси 2 проценти.
Само два дена порано сепак Еуростат објави дека монетарната унија се вратила кон дефлација во септември. Индексот на потрошувачките цени (CPI) забележаа намалување од 0,1% на годишна основа, што е прва негативна инфлација од март.
Драги признал дека еврозоната немала голем придонес за глобалниот раст во последните седум или осум години. Истовремено, тој истакнал дека земјите членки со единствена валута ќе бидат во подобра состојба заедно како Унија. „Бидејќи работиме како унија, би можеле да се справиме со проблеми кои би не зафатиле ако се обидевме да се избориме со нив одделно“, смета претседателот на ЕЦБ.
