Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марин Ле Пен: Крај на бесплатното образование за странци

Марин Ле Пен: Крај на бесплатното образование за странци

Нема повеќе време за игри, рече лидерот на крајната десница во Франција. 

Лидерот на крајната десница во Франција, Марин Ле Пен повика на прекин на бесплатното образование за деца на странци. 

Во говорот во Париз кандидатот на Националниот фронт за претседателската трка следната година истакна дека нема ништо против странците. 

„Но, јас им велам: ако доаѓате во нашата земја, не очекувајте да ве згрижиме и  вашите деца ќе добиваат образование без надомест. Нема повеќе време за игри"- истакна таа.

Марин Ле Пен се очекува да биде еден од двајцата кандидати, кој ќе стигне до вториот круг од претседателските избори, кој е закажан за 7 мај 2017 година. 

Последните социолошки анкети покажуваат дека силите меѓу Марин Ле Пен и кандидатот на умерената десница, Франсоа Фијон се практично израмнети за првиот круг.

Меѓутоа, околу две третини од избирачите би гласале за Фијон пред Ле Пен во вториот круг.

Откако Марин Ле Пен го презеде управувањето на Националниот фронт  пред повеќе од шест години, таа работеше напорно за ублажување на екстремистичкиот образ на партијата и за привлекување на повеќе гласачи.


Слично

Поврзани вести