Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марин Ле Пен бара Франција да излезе од „шенгенот“

Марин Ле Пен бара Франција да излезе од „шенгенот“

Претседателката на екстремно десничарската партија Национален фронт Марин Ле Пен изјавила дека очекува остар одговор на неодамнешните напади во Париз.

Таа наведува дека нејзиното очекување е насочено кон обезбедување на џамиите и контрола на воените служби на младите како не би дошло до радикализација на омладината.

Ле Пен и порано ја осудувала „исламизацијата“ на Франција, оценувајќи дека земјата се соочува со “непријател кој доаѓа од вантре“.

Таа после нападот во Париз побарала од претседателот на Франција Франсоа Оланд Франција да излезе од шенгенскиот простор.

„Мора да одговориме на војната која ја објави исламскиот фундаментализам. Прва работа во војната е да знаеме против кој се бориме. Ние се бориме против идеологијата на исламскиот фундаментализам. Ако тоа јасно не го кажаеме, веќе ја покажуваме својата слабост“, рекла таа.

Според нејзините зборови, заминувањето од  Шенгенскиот простор би овозможило подобра контрола на француската граница, „што е од суштинско значење за борба против тероризмот“.

Основачот на партијата Жан Мари Ле Пен, татко на сегашната претседателка, се против на Европската унија и ги истакнува француската традиционала култура и висока стапка на невработеност. Се залага за ограничено доселување на странци во Франција, поголеми вложувања во одбраната, цензурирање на културата и воведување на смртна казна.

Слично

Поврзани вести