Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марија Захарова се исмева со песната која победи на Евровизија

Марија Захарова се исмева со песната која победи на Евровизија

Русија се јави со реакција за Евровизија. 

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на Фејсбук ги сподели своите впечатоци:

„Ќе се согласите, без победата на Украина на Евровизија, сликата за тоа што ѝ се случи на оваа земја не би била целосна. Народни носии и музички инструменти, бабарога на жици, брејк денс и извици за Азовстал. Овации од Европа“, напиша Захарова.

Украина синоќа победи на Евровизија со песна која е посветена на сите мајки. 

Победници се „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Стефанија“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. Второто место му припадна на претставникот на Обединетото Кралство, третото на Шпанија, четврта беше Шведска, а Констракта од Србија заврши на петото место.

Слично

Поврзани вести