Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мари Ле Пен: Без Шенген, ако сакаме безбедност

Мари Ле Пен: Без Шенген, ако сакаме безбедност

Лидерот на француската опозициска партија „Национален фронт" и европратеник Мари Ле Пен побара итно укинување на Шенген зоната, за да се осигура безбедноста на Франција.

„За да можеме подобро да ја гарантираме сопствената безбедност, треба да престанеме да се потпираме на други. Со години инсистираме на конечното отстранување на Шенген и мислам дека секој изминат ден покажува дека имаме причина за да го сакаме тоа" - рече Ле Пен.

Ле Пен ова го изјави по терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул, во кој загинаа 38 лица, а уште 147 се повредени. Таа изрази сочувство на семејствата на жртвите на нападот, но обвини дека Турција игра „дволична улога против исламската држава".

Претходно таа истакна дека Франција има многу повеќе причини да ја напушти унијата од Велика Британија и повика на референдум за членството на земјата во заедницата, аналогно на британскиот, идеја која претседателот Франсоа Оланд ја отфрли.

Ле Пен вети дека ако биде избрана за претседател на Франција, референдум ќе има и  ќе биде организиран до шест месеци по стапувањето на позицијата.

Слично

Поврзани вести