Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАПА НА ЕВРОПА: Овие народи се најподготвени за војна

МАПА НА ЕВРОПА: Овие народи се најподготвени за војна

Неколку земји од Балканот се меѓу првите 10 во Европа како најподготвени да војуваат. 

Според истражувањето на Галуп, први се Финците и од нив 74% се подготвени да војуваат за својата земја. 

Со процент помалку втори се Турците, а трети се Украинците со 62%. 

Зад нив се Русите со 59%, а петто е Косово со 58%, додека зад него е БиХ со 55%. 

БиХ ја дели позицијата со Шведска.

Во Грција се изјасниле дека ќе војуваат 54%, во Полска 47%, во Србија 46%. 

Од исток кон запад желбата за војување опаѓа. 

Последна е Холандија и кај нив само 15% се подготвени да војуваат, а во Германија за 3% е повисок бројот на оние кои би ја бранеле земјата. 

Белгија има 19%, Италија 20%, Шпанија и Австрија по 21%, Чешка 23%, Бугарија 25% население кои би војувало. 

На светско ниво, Европа е најмирољубива додека во држави како Мароко, Фиџи, Пакистан, Виетнам, Бангладеш од 80 до 94% се расположени да војуваат. 

Слично

Поврзани вести