МАПА КОЈА ГИ ПРЕДУПРЕДУВА ТУРИСТИТЕ ЗА ОПАСНИ АЈКУЛИ: Забележани се и во Грција, Хрватска, Шпанија
Во јуни имаше
неколку напади на ајкули, и некои од нив завршија трагично. Досега се
забележани овие морски предатори и на омилените дестинации за нашите граѓани.
Египет
Египет ги затвори плажите на неколку дена по бруталниот напад на ајкула на почетокот на јуни во кој загина 23-годишно момче од Русија. Властите забранија нуркање, пливање и спортови на вода откако Владимир Попов беше убиен од тигреста ајкула во одморалиштето Хургада, Египет.
Инцидентот се случи на плажа на хотелски рисорт, а на социјалните мрежи беше објавено вознемирувачко видео од нападот.
Грција
Во објава на TikTok, ајкула е снимена во близина на еден од најубавите грчки острови, кој туристите го обожаваат.
На околу три километри од брегот на Закинтос, овој морски предатор е фатен на камера. Додека ја снимале од бродот, таа мирно пливала на површината.
Хрватска
Институтот „Син свет“ на 21 јуни им се заблагодари на граѓаните за грижата за сината ајкула што се појави. Имено, многу вознемирени граѓани им се јавиле поради видеото на кое се гледа како маж влече ајкула врзана за опашката по брегот на „Сунчана увала“ на Лошињ.
Станува збор за спасување на ајкула која во неколку наврати се насукала на плажа и покрај обидите да се врати во морето. Лицето од видеото ја влечело ајкулата со чамец на отворено море кон Сусак, каде што била пуштена.
Шпанија
Ајкулата беше забележана во шпанско пристаниште во средината на јуни. Таа беше присутна во водите на островот Аруса во галициската провинција Понтеведра, дом на спектакуларни бели песочни плажи и мали заливи популарни и кај туристите и кај локалното население.
Првите извештаи покажаа дека се работи за тинторера или сина ајкула долга околу два метри. Локалната полиција беше меѓу првите што реагираа, а се верува дека таа отпливала назад во отворено море.
ФОТО: Unsplash