Економија, финансии, бизнис

Контакт

(МАПА) ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА УКРАИНЦИТЕ ДОАЃА ОД ДРУГА СТРАНА, НЕ ОД БАХМУТ: Руската офанзива засилува од спротивна насока

(МАПА) ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА УКРАИНЦИТЕ ДОАЃА ОД ДРУГА СТРАНА, НЕ ОД БАХМУТ: Руската офанзива засилува од спротивна насока

Вооружените сили на Украина сметаат дека руската офанзива врз Красни Лиман е од клучна важност и дека претставува голема закана, пренесува Ројтерс.

Агенцијата ги цитира зборовите на офицер на вооружените сили на Украина кој тврди дека Русија напредува во оваа насока со цел да го опколи Северск и да има дополнителен пристап до Славјанск и Краматорск.

Според еден од офицерите, руските војници неодамна го смениле правецот и го опколиле Красни Лиман.

„Ова ќе ни претставува закана и затоа тие се обидуваат толку многу да се борат за оваа област - таа не е помалку важна од Бахмут“, рече офицер на вооружените сили на Украина со знак за повикување „Магла“.


Слично

Поврзани вести