Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мануел Валс прогласи тридневна жалост, ќе продолжи ли вонредната состојба?

Мануел Валс прогласи тридневна жалост, ќе продолжи ли вонредната состојба?

Францускиот премиер, Мануел Валс прогласи тридневна жалост по нападот синоќа во Ница каде терорист со камион изгази над 80 луѓе.

Тој рече дека Владата сака да ја продолжи вонредната состојба, што е воведена во земјата по нападите од 13 ноември 2015 година до октомври оваа година.

Телеграми со сочувство и осуди стигнуваат од сите страни. Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека Германија е на страната на Франција во борбата против тероризмот.

Напаѓачот бил француски државјанин со потекло од Тунис. Тој од претходно и бил познат на полицијата поради кражби и насилство.

Слично

Поврзани вести