МАНЕВРИ НА ИСТОКОТ: 1.200 руски војници во изненадни ракетни вежби на Сибир
Русија на Сибир ја отпочна првата ненајавена воена вежба оваа година, а во неа учествуваат стратешките ракетни сили со над 1.200 војници, истакна денес портпаролот на руското Министерство за одбрана, полковникот Игор Јегоров.
„За време на ненајавените вежби на ракетните сили комисијата ќе ја проучува сегашната подготвеност на командата во врска со организираните активности и предводењето вежби во борби против тероризмот на ниво на командни единици, ракетниот полк и голем број помали единици“, истакнал Јегоров.
Маневрите опфаќаат повеќе од 20 задачи, вклучително и обука на трупите за итна интервенција, како и силите на Министерството за внатрешни работи и Федералните служби за безбедност, пренесува „Спутник“.
„Во текот на 2015 година ќе бидат одржани четири вакви вежби“, нагласил Јегоров.
Маневрите се одвиваат на територијата на Краснојарск, во зоната на одговорност на ракетните единици „Ужурски“.
Слично
