Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манекенка скокнала од шести спрат бегајќи од силувач

Манекенка скокнала од шести спрат бегајќи од силувач

Позната руска манекенка, Екатерина Стетсијук (22), го скршила ‘рбет скокајќи од шестиот спрат од хотел во Дубаи за да му избега на маж кој се обидел да ја силува.

Нејзините пријатели велат дека за среќа преживеала, но дека не е во можност да се движи додека ја чека операцијата, пишува Сан.

Според исказот на Екатерина во полиција, американскиот бизнисмен сакал да има односи со неа, но таа не сакала, па пробал да ја силува и со себе имал нож.

Манекенката од страв скокнала од шестиот кат, но за чудо преживеала. Американскиот државјанин се обидел да избега, но полицијата го уапсила на аеродром. Нему му се заканува 15 години затвор ако биде осуден.



Слично

Поврзани вести