Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манекенка осудена затоа што носела секси фустан во судница

Манекенка осудена затоа што носела секси фустан во судница

34 годишната Тара Ламберт од Охајо се жали дека судската порота донела осудителна одлука за нејзиниот случај само затоа што на едно од рочиштата се појавила со атрактивен фустан. 

Таа е поранешна манекенка која носела дизајнерски парчиња и смета дека поротниците се задржале на нејзиниот изглед, наместо да ги следат аргументите на адвокатите како и доказите. 

Ламберт за помалку од час беше осудена на 7 години во строг затвор каде се испраќаат жени со тешки кривични дела бидејќи нејзиниот предмет е за наводно нарачано убиство. Екс манекенката разговарала со полицаец на тајна задача и му кажувала дека сака од него да изврши убиство, но набрзо била уапсена. 

Бидејќи станува збор за заговор за убиство обвинителот не успеал да докаже конкретен акт кај Ламберт со кој би се потврдила намерата, освен самиот краток разговор со тајниот агент, но повторно судење Ламберт ќе чека долго време.


Слично

Поврзани вести