Малта по примерот на Македонија – државјанство за инвестиции
Европската комисија остро ги критикува плановите на некои земји-членки да го „продаваат“ своето државјанство на лица кои не се европски жители, во замена за инвестиции.
„Европското државјанство не е за продавање. Земјите-членки треба да им даваат државјанство само на лица, кои имаат вистинска врска со соодветната држава“, изјави еврокомесарот за правда Вивиен Рединг
Најновиот пример за тоа доаѓа од Малта, каде се водат жестоки спорови за тој проект. Владата на Малта има намера да му даде државјанство на секој кој е подготвен да плати 1,15 милиони евра, од кои дел ќе инвестира во недвижен имот во земјата.
Меѓутоа, согласно европските договори, лице кое ќе добие државјанство на една земја-членка на ЕУ, по автоматизам добива права на државјанин во сите останати членки.
„Треба да си го поставиме прашањето дали правата поврзани со европското државјанство можат да зависат единственото од дебелината на паричникот или од сумата на банкарската сметка“, нагласи Рединг.
Слична мерка веќе важи во Македонија. Македонско државјанство може да добие инвеститор кој во земјава вложил 400 илјади евра и отворил 10 работни места.
За сега нема инвеститор кој ја искористил оваа можност. Двата синови на индискиот бизнисмен Субрата Рој минатата година добија македонски државјанства, но не како инвеститори, туку според членот 11 во Законот, кој предвидува странец да може да стане македонски државјанин без вообичаените процедури „ако тоа претставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес“.
Слично
