Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малопродажбата во Европа никако да заздрави

Малопродажбата во Европа никако да заздрави
Во Европската унија, во јули, прометот во малопродажбата пораснал за 0,1 посто на годишно ниво, додека пак, во еврозоната е намален за 0,9 посто, покажуваат најновите податоци на Евростат. Меѓу земјите-членки за кои имало податоци, во седум од нив е забележан пад на малопродажбата во однос на јули 2012 година, додека во 15 од нив малопродажбата пораснала. Најголем пад на малопродажбата е забележан во Шпанија, за 6,9 посто, потоа во Cловенија 3,6 посто, во Романија 3,1 посто. Најголем пораст на прометот, пак, е забележан во Луксембург, за 27,5 посто, Литванија 6,7 посто и Полска 5,5 посто. На месечно ниво, прометот во малопродажбата во 27-те земји-членки на ЕУ, во јули, паднал за 0,3 посто, а во еврозоната за 0,5 посто. Еврозоната е во најдолга рецесија од воведувањето на еврото во 1999 година, поради што, невработеноста во овој блок е рекордно висока, а домаќинствата имаат се помал приход расположлив за трошење. Поради тоа, веќе подолго време слабее потрошувачката, што негативно влијае и на економијата.  
Слично

Поврзани вести