Мало дете почина во автомобил откако татко му го заборавил внатре
Бебе починало во автомобил во Франција, откако таткото го заборавил во возилото на паркинг.
Станува збор за 14-месечно дете кое почина во автомобил откако татко му заборавил да го однесе во градинка. Детето починало најверојатно од задушување и дехидрација, пренесува „Дневник.хр“. Покрената е истрага откако во средата попладне детето е пронајдено починато на паркинг на аеронаутичка компанија во Бордес, југозападна Франција. Мајката на детето прва се јавила во итната помош откако сфатила дека нејзиното дете не е во градинката. Итната помош пристигнала на местото околу 17 часот. Неуспешно се обиделе да го реанимираат детето. Никој не го забележал детето ниту пак слушнал некаков шум за да може да му помогне.
Неодамна во Хрватска, мајка од Македонија го заборавила своето дете во автомобил, за што доби пријава откако детето беше спасено.
foto EPA/ YOAN VALAT
