Маљар: Најжестоките борби не се водат во Бахмут, туку кон Бердјанск и Мариупол
Украина соопшти дека фокусот на војната се префрли во Мариупол, а тенковите Челинџер се подготвени.
„Централниот дел од борбите во Украина е пренасочен кон патот што води кон Мариупол, каде што украинската офанзива полека ги потиснува руските сили, при што британските тенкови Челинџер се подготвени да се приклучат во битката“, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.
Маљар изјави дека најжестоките борби повеќе не се водат околу градот Бахмут, во источниот регион на Доњецк, туку на југ, односно во правец на двата окупирани крајбрежни града Бердјанск и Мариупол.
„Ако првата недела епицентарот беше на исток, сега гледаме дека борбите се префрлаат на југ и сега гледаме дека најактивни области се Бердјанск и Мариупол“, рече Маљар, а потоа додаде. „На исток, непријателот ги мобилизираше сите сили за да ја запре нашата офанзива. Таму тие масовно собираат сили за да не запрат. Тие не се многу успешни на југ“, вели Маљар.
Таа тврди дека во војна мора да имаат загуби.
„Ако зборуваме за загуби, во Бахмут загинаа деветпати повеќе Руси од Украинци. А во јужниот правец, Русите загинаа 5,3 пати повеќе од Украинците“, рече Маљар.
Линијата на фронтот, наводно, е поместена за околу еден километар кон Мариупол.
Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
Ставот на Украина останува дека нема преговори, додека руските сили не заминат од украинска територија.
foto EPA
