Малиот принц ниту се ракува ниту му даде петка на премиерот Трудо
Малиот принц Џорџ се чини дека ќе биде типичен наследник на британската империја бидејќи покажува „арогантност“. На свечениот дочек кој канадскиот премиер им го приреди на членовите на кралското семејство, принцот Џорџ одби да се ракува, а потоа не му даде ниту „петка“ на Џастин Трудо.

Медиумите на шега пренесуваат дека за прв пат шармот на Трудо не профункционирал. Принцот и принцезата Вилијам и Кејт во Канада ќе ги посетат волонтерите кои работат на прием на мигрантите.
Слично
