Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛИОТ ИТАН КОЈ ПАДНА СО ЖИЧАРНИЦАТА ЗАКРЕПНУВА И НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ - но прво што прашал е каде му се родителите

МАЛИОТ ИТАН КОЈ ПАДНА СО ЖИЧАРНИЦАТА ЗАКРЕПНУВА И НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ - но прво што прашал е каде му се родителите

РИМ - Петгодишното момче Итан, единствено кое го преживеа падот на кабината од жичарата на ридот Мотороне, на северот од Италија, закрепнува добро и денес го напушта одделот за интензивна нега на болница во Торино, пренесува агенцијата Анса.

Тој ќе биде набудуван во болницата уште неколку дена, а потоа, како што најавуваат лекарите, ќе може да си оди дома.

Во несреќата, кога кабината на жичарницата на ридот Мотароне се одвои и се спушти во бездна, загинаа 14 лица, меѓу кои родителите, помладиот брат, како и дедото и бабата на Итан.

Кога тој бил пронајден по несреќата, се верувало дека нема да преживее затоа што имал повреди на вратот и градите, но Итан брзо закрепнува.

Момчето не се сеќава на трагедијата, но лекарите исклучија невролошки повреди и рекоа дека станува збор за посттрауматска амнезија.

Само што се разбуди од фармаколошка кома, Итан праша каде се неговите родители и зошто сите се во болница.

Момчето ќе ги добие одговорите на овие и на други прашања постепено, но без лаги, велат психолозите кои го следат неговото закрепнување.

Извор.РТС.рс

Слично

Поврзани вести