Малезискиот авион бил киднапиран!
Малезиските власти потврдуваат дека авионот Боинг 777-200 на Малезија Ерлајнс со 239 патници најверојатно бил киднапиран и пренасочен. На седмиот ден од потрагата по авионот, малезискиот премиер Наџиб Разак ги известил роднините на патниците на летот МХ370 дека веројатноста за киднапирање е многу голема и оти потрагата се пренасочува од Јужното Кинеско Море кон преминот Малака и Индискиот Океан.
„Комуникацискиот систем на исчезнатиот авион намерно е онеспособен“, изјави Разак, додавајќи дека авионот намерно бил свртен од планираниот курс.
Сателитските снимки и записите од радарите покажале дека набрзо по полетувањето авионот на Малезија Ерлајнс го променил курсот, а имал гориво за седум часа лет. Затоа и потрагата сега се проширува во друг правец.
За малезиските власти, осомничени за киднапирањето на авионот се пилотите, но се испитува можноста во авионот да имало и „вандали“ кои го принудиле екипажот да го промени курсот. Според анонимни малезиски извори во истрагата, „можноста авионот да е киднапиран веќе не е претпоставка, туку е потврдена“.
Мотивот за киднапирање на авионот се уште не е познат, а по една недела од исчезнувањето истражните органи не можат да ја откријат ниту точната локација на авионот. Воените радари регистрирале неидентификуван авион за кој се претпоставува дека е малезискиот Боинг како лета на рутата која вообичаено се користи за од Малезија да се стигне до Блискиот Исток и Европа. Семејствата на исчезнатите патници биле известени дека и во случај на киднапирање не може да се потврди дали авионот безбедно се спуштил некаде или летал додека му снемало гориво.

Слично