Малезиски премиер: Боингот 777 е погоден со ракета најверојатно од проруските сили!
Малезискиот премиер, Наџиб Разак, на конференцијата за медиуми изјавил дека теоријата за ракетата „земја-воздух“ е доста убедлива, и дека најверојатно е дека Боингот 777 е урнат со ракета од територијата која тогаш ја контролирале руските востанци.
Тој истакнал дека тоа не може да се тврди, и дека е само впечаток во однос на досегашната истрага, но дека се потребни барем неколку недели за да со сигурност се разјаснат многу детали поврзани со оваа трагедија.
Разак не ги обвинил проруските сили, но истакнал дека досегашната истрага покажува дека тоеријата за ракетата „земја-воздух“ е точна.
Боингот 777 е урнат на 19 јули оваа година во областа на Доњецк.
Слично
