Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малезија создава нова авиокомпанија

Малезија создава нова авиокомпанија

Владата на Малезија ги објави плановите да создаде нова авиокомпанија и потпиша договор за 1,5 милијарди долари со „Bombardier“ за 20 нови авиони, јавува Би-Би-Си.

Новиот превозникот ќе се вика „flymojo“ и ќе биде базиран во Јохор Бахру на југ и во Кота Кинибалу во источна Малезија. Договорот со „Bombardier“ ја вклучува опцијата за купување на уште 20 авиони што ќе ја зголеми вредноста на  2,9 милијарди долари.

Пуштањето на новата авиокомпанија беше објавено денеска на Меѓународната поморска и воздушна изложба „Langkawi“, на која присуствуваше и премиерот на Малезија Наджиб Разак.

Нарачаните авиони од „Bombardier“ се „CS100“, кои имаат 125 места и би ја направиле „flymojo“ првата компанија во регионот со такви машини. Се очекува компанијата да започне со работа во октомври оваа година.

Во последниве месеци малезиските летови се соочија со три несреќи. При последниот инцидент во декември авион на нискобуџетниот превозник „AirAsia “се урна во Јаванско Море на пат од Сурабаја, Индонезија, Сингапур. Во несреќата загинаа сите 162 патници.

Слично

Поврзани вести