„Малезија ерлајнс“ – Почетна помош на семејствата на загинатите по 5000 долари
Малезиската авиокомпанија „Малезија ерлајнс“ денеска соошти дека на семејствата на загинатите патници кои загинаа во авионот кој во четвртокот се сруши над Украина, ќе им упати почетна помош од 5000 долари како знак на добра волја.
Во соопштението се наведува дека на членовите на семејствата на загинатите патници ќе им бидат упатени пари „како би ги олеснале нивните економски потреби“, пренесува АФП. -„Средствата веќе се на располагање во тие цели“, прецизираше малезиската национална авиокомпанија, со напомена дека оваа финансиска помош нема врска со конечната надокнада ниту ги загрозува правата на семејставата да поднесат тужба.
„Малезија ерлајнс“ исто тоа, им соопшти на семејствата на загинатите патници дека обезбедува хотелски прстој, оброк и помош во превозот покрај пружањето совети.
Авионот на малезиската авиокомпанија се сруши во четвртокот над источна Украина додека леташе од Амстердам кон Куала Лампур со 283 патници и 15 членови на екипажот, и сите загинаа, бидејќи како што се верува авионот е соборен со ракета. Се работи за втор авион на истата авиокомпанија кој доживеа злобна судбина откако на 8 март мистериозно исчезна авион на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370 на пат од Куала Лампур кон Пекинг, со 239 патници и членови на екипажот. „Малезија ерлајнс“ веќе со години има финансиски проблеми, со загуби во висина од 1,3 милијарда долари во текот на минатите три години, потсетува француска агенција.
Слично
