Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мала искра-голем пожар: Како се поврзани протестите во Турција, Бразил и Бугарија?

Мала искра-голем пожар: Како се поврзани протестите во Турција, Бразил и Бугарија?
Додека протестите беснеја во Турција и започнуваа во далечен Бразил, Асен Генов седеше во својата канцеларија во бугарската престолнина Софија и се подготвуваше со едно притиснување на копчето на тастатурата да пушти искра за почеток на Бугарската пролет. Така започнува текстот на Ентони Фајон и Пола Мура, објавен во „Вашингтон пост" за  бранот протести кој ги зафати овие три земји. Само неколку месеци претходно јавното незадоволство од скапите сметки за струја предизвика пад на претходната влада, но Генов гледа повеќе причини за гнев, откако новата власт назначи сомнителен медиумски магнат на чело на службата за државна безбедност. Потоа Генов објавува повик за протест во Софија на Фејсбук, иако сомнежот, дека демонстрација која не е фокусирана врз парични проблеми, туку на корупцијата, ќе има поддршка е голем. „Може да се обложиме за тоа колку луѓе ќе дојдат. Јас пресметав дека ќе бидат 500 лица ", вели Генов, кој кога е пристигнува на плоштадот "Независност"  со изненадување гледа како таму се собираат илјадници Бугари. Оттогаш секој ден се одржуваат бројни протести кои сакаат оставката на владата, објави весникот „Сите сме поврзани - Бугарија, Турција, Бразил. На социјалните мрежи објавуваме пораки на англиски јазик, па лесно може да се разбереме и да се поддржиме ", вели Ивета Чернева, 29-годишна девојка , која е една од илјадниците демонстранти. „Ние се бориме за различни причини, но на крајот сите ние сакаме нашата влада да работи за нас", вели таа и додава дека сите демонстранти се инспирираат еден друг. Во светот ова е лето на незадоволството на средната класа, особено во светот во развој. Од Истанбул до Рио де Жанеиро, од Бугарија до Босна, акумулација очај на едни ангажирани граѓани кои се активираат од серијата навидум различни настани. Изградбата на парк во Турција доведе до експлозија на јавното незадоволство и до протести со барања за слобода на изразувањето во едно општество. Зголемувањето на автобуските тарифи во Бразил стана повод за незадоволство против корупцијата и полициската бруталност. Но она што е заедничко помеѓу нив?  Еден мал инцидент го пали фитилот во општества кои се поврзани преку социјалните медиуми и долгогодишните проблеми со животниот стандард во светот во развој, прави тие сега да бараат многу повеќе од своите демократии и влади, пишува весникот.
Слично

Поврзани вести