Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мал зрак оптимизам во Ломбардија, први знаци на намалување на заразата

Мал зрак оптимизам во Ломбардија, први знаци на намалување на заразата

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Атилио Фонтана, каде се уште е жариштето на коронавирусот, со мала доза на оптимизам изјави дека епидемијата на Ковид-19 од денеска почнала да покажува први знаци на евентуално намалување.

И покрај големиот број на смртни случаи, тој  наведе дека има причина за оптимизам, бидејќи новите случаи на зараза почнале да се покажуваат побавно.

– Се уште не сум ја видел официјалната статистика, но можеме да видиме мали чекори напред. Порастот на нови случаи не е толку голем како пред два, три дена. Се надеваме дека ова е почеток на пресвртот, изјави Фонтана, наведувајќи дека промената ќе биде забележана во следните неколку денови.

Во регионот, каде се наоѓа и финансискиот центар Милано, досега починаа 1.218 луѓе, а само ноќта помеѓу саботата и неделата регистрирани се 252 смртни случаи.

Истовремено, италијанскиот премиер Џузепе Конте во интервју за „Кориере дела Сера“ изјави дела епидемијата се влошува ширум Италија и дека начниците тврдат дека епидемијата се уште не го достигнала врвот. Според него,следните недели се ризични


Слично

Поврзани вести