Мал раст на цената на нафтата
Цената на нафтата денеска е во мал пораст само еден ден откако за првпат во изминатите пет години поевтини под 90 долари за барел. Нафтата за ориентациска испорака во април на Њујоршката берза е поскапа за 22 цента – 90,34 долари за барел. Европската марка „брент“ која се користи за одредување различни типови странска нафта, е зголемена за 40 центи на 110,49 долари за барел. Вчерашниот пад на цената на нафтата беше последица на воведувањето автоматско намалување на буџетот ан САД за 85 милијарди долари што во голема мерка може да и наштети на најголемата светска економија.
Слично
