Мал дрон се урна во комплексот на Белата куќа
Тајната служба на САД, задолжена за обезбедување на функционерите вклучувајќи го и американскиот претседател Барак обама, соопштила дека на територијата на Белата куќа е пронајдено мало беспилотно летало - дрон, кој се урнал во текот на ноќта на просторот на резиденцијата на Обама, јавуваат агенциите.
Портпаролот на Тајната служба Брајан Лири рекол дека станува збор за леталото „kvadkopter“ - беспилотно летало кое го подигаат цетири пропелери со ширина околу пола метар, пренесува Асошиејтед прес.
Во тек е истрага поради утврдување на потеклото на дронот, осомничените и нивните мотиви, наведува агенцијата.
Според зборовите на Лири, „kvadkopter“ летал многу ниско пред да се урне на југоисточната страна на Белата куќа во три часот и осум минути во понеделникот по локално време во Вашингтон.
Според соопштението, еден од припадниците на Службата утрото видел како „kvadkopter“ ја прелетал оградата на Белата куќа и удрил во југоситочниот дел од комплексот , а пристапот на територијата на комплексот е веднаш затворен додека уредот не е испитан.
Обама и неговата сопруга Мишел од вчера се во Њу Делхи во официјална посета на Индија а засега не се знае дали нивните ќерки се наоѓале во зградата во времето на инцидентот.
Претходно прес секретарот на Белата куќа Џош Ернест изјавил дека на просторот на резиденцијата на Обама е пронајден мал уред, кој потсетува на беспилотно летало и да, веројатно не претставува опасност за никој во комплексот.
