Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максимално заштитена од фалсификати, пуштена во оптек новата банкнота од 100 долари

Максимално заштитена од фалсификати, пуштена во оптек новата банкнота од 100 долари
Cо цела низа специјални заштити од фалсификати, денеска ќе биде пуштена во оптек, новата банкнота од 100 американски долари. На предната страна на редизајнираната банкнота се наоѓа ликот на Бенџамин Френклин, а на задната, Салата на независноста во Филаделфија. Банкнотата има светло сина тродимензионална безбедносна лента на која се наоѓаат слики што се вртат во обратна насока од онаа во која се врти банкнотата. „Имаме 3,5 милијарди од овие банкноти, кои, според нашите пресметки, ќе бидат и повеќе од доволни за исполнување на домашните и странските потреби“, изјави Соња Данбург од Американската централната банка. Изработката на оваа банкнота траеше повеќе од 10 години.
Слично

Поврзани вести