Maкрон заговара создавање на Европска политичка заедница - што ќе значи тоа?
Претседателот на Франција, Емануел Макрон заговара создавање на Европска политичка заедница. Приклучувањето кон таа заедница не значи и идно членство во ЕУ. Ниту таа би била затворена за оние кои ја напуштиле.
Планот е да се зголеми соработката на ЕУ со другите европски земји, како Украина, затоа што нивното пристапување кон Унијата не е реално во блиска иднина.
„Постоеше реална желба да ја реконструираме Европа по прашањето за повеќе политики, но Европа ја постави скалата многу високо по прашањето за интеграција, па не нема да можеме да интегрираме некои држави во идните години, па дури и децении“, рекол Макрон.
За Украина кажа дека ќе поминат децении додека да стане членка на ЕУ.
Слично
