Макрон во лов на млади гласачи, но неговата лежерна фотографија поттикна лавина коментари
Францускиот претседател Емануел Макрон кој е во трка за уште еден мандат, тргнува во лов на младите гласачи.
Официјалниот фотограф на Макрон објави неколку фотографии од „зад кулисите“. На една од фотографиите Макрон е во лежерно издание со раскопчана кошула, а во преден план се неговите влакнестите гради.
Според некои медиуми, Макрон со ова сака да ги привлече младите гласачки и гласачи, кои во првиот круг најмногу ја поддржаа неговата противкандидатка, десничарската политичарка Марин Ле Пен. Но, оваа фотографија поттикна многу шеги на сметка на Макрон. Вториот круг од претседателските избори во Франција ќе се одржи на 24 април. Според неколку анкети, Макрон сепак води и веројатно ќе стане иден претседател на Франција.
фото МИА
