Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкрон вели дека Путин е огорчен

Maкрон вели дека Путин е огорчен

Францускиот претседател Емануел Maкрон вели дека неговиот руски колега Владимир Путин е огорчен. 

Макрон гледа „огорченост“ во очите на рускиот претседател Владимир Путин, поради неговото верување дека Западот сака да ја уништи неговата земја. Макрон даде ваква изјава за Си-Би-Ес Њуз во неделата. Францускиот претседател додава дека оваа огорченост кон западниот свет е веројатно поткрепена со „чувството дека нашата перспектива беше да ја уништиме Русија“. Сепак, Макрон вели дека не сакаат да ја уништат Русија. А за тоа дали треба Западот да обезбеди некакви гаранции за Москва ако сака мир, властите во Киев, балтичките земји, Полска, Шведска и Финска остро го осудија предлогот на Макрон.  Се смета дека Макрон даде ваква изјава затоа што скоро се сретна со американскиот претседател Џо Бајден. 

Макрон изјави дека редовно разговара со рускиот претседател Владимир Путин. 

Но, Путин оцени дека Евроазија е моторот на глобалниот економски развој, нагласувајќи дека таму треба да се формираат мултилатерални механизми за соработка.

Руското Министерство за надворешни работи реагираше на предлозите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за создавање на демилитаризирана и заштитена зона околу нуклеарната централа Запорожје, пишува Си-Ен-Ен.

Слично

Поврзани вести