Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКРОН ВЕЛИ ДЕКА ПАЛЕСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ МОРА ДА СЕ СЛУШНЕ СО РАЗУМ: Но, борбата против Хамас мора да биде без милост

МАКРОН ВЕЛИ ДЕКА ПАЛЕСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ МОРА ДА СЕ СЛУШНЕ СО РАЗУМ: Но, борбата против Хамас мора да биде без милост

Борбата против Хамас мора да биде без милост, но не и без правила, вели францускиот претседател Емануел Макрон. 

Макрон денеска во Ерусалим предложи формирање меѓународна коалиција против Хамас и изрази надеж за обновување на мировниот процес со Палестинците.

„Франција е подготвена меѓународната коалиција против ДАЕШ, како дел од која се ангажиравме за нашата операција во Ирак и Сирија, да се бори и против Хамас“, рече Макрон по билатералната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. 

Макрон повика на регионална и меѓународна коалиција за борба против терористичките групи кои се закануваат на сите. 

Францускиот претседател ги повика и „Хезболах, иранскиот режим и Хутите во Јемен“ да „не преземаат несовесен ризик да отвораат нови фронтови“.

Тој повика „сите да обрнат внимание на акциите на поединци против палестинските цивили чие насилство се заканува да прошири оган и на Западниот Брег“.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, Макрон ја изрази својата солидарност со израелскиот народ и кажа дека поради 30 загинати француски граѓани и девет заложници или исчезнати лица, тој напад е „црна страница“ во француската историја.

„Но, „палестинското прашање мора да се слушне со разум“, нагласи тој.

Претставник на Хамас денеска изјави дека исламистичката група нема да ослободи повеќе заложници доколку не се дозволи испорака на медицински материјали и гориво во Појасот Газа. Во петокот Хамас со посредство на Катар ослободи двајца заложници.

Пет луѓе се здобија со полесни повреди откако голем број ракети лансирани од Газа паднаа во централен Израел, соопштија службите за итни случаи. Две од пет лица беа погодени од шрапнел – 45-годишен маж во Беер Јаков и 40-годишен маж во Холон.

foto Facebook.com/Emmanuel Macron 

Слично

Поврзани вести