Макрон вели дека Европејците ќе одвојат 1,5 милијарди евра за опремување на украинските сили
Франција ќе ја засили воената и хуманитарната поддршка за Украина.
Претседателот Емануел Макрон во телефонски разговор вчера му ветил помош на украинскиот колега Володимир Зеленски. Макрон кажал дека Европејците ќе одвојат 1,5 милијарди евра за опремување на украинските сили. Макрон пред две седмици изјави дека дотогаш Франција испратила воена помош во вредност од над 100 милиони евра за Украина, потсетува Ројтерс. Повеќе европски земји и САД и помогнаа на Украина. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Дури дел од земјите ветија дека ќе ги обучуваат украинските војници.
Слично
