Макрон вели дека е можно да има голема војна во Европа
Kaко што пренесуваат светските медиуми, францускиот претседател Емануел Макрон не исклучува почеток на голема војна во Европа.
Тој вели дека мора повеќе да вложуваат во армијата.
„Нашите сили се единствената полноправна армија на европскиот континент. Мораме да се подготвиме за можен вооружен конфликт со висок интензитет и да ги зголемиме инвестициите во армијата“, рече тој.
Францускиот претседател изјави дека конфликтот меѓу Украина и Русија ќе доведе до криза со храна во следните 12 до 18 месеци, а ќе се почувствува и во Африка, на Блискиот Исток.
Макрон ветил дека ќе го зајакне суверенитетот на Франција доколку го добие својот втор претседателски мандат на изборите следниот месец, со цел да ја води земјата низ, како што рече, нова кризна ера. Тој според анкетите ужива висока доверба од гласачите.
