Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон тврди дека за Украина допрва доаѓа најлошото откако разговарал со Путин

Макрон тврди дека за Украина допрва доаѓа најлошото откако разговарал со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон тврди дека за Украина допрва доаѓа најлошото. 

Тој разговараше со рускиот колега, Владимир Путин кој му рекол дека продолжува со офанзивата за да ја заземе целата земја под контрола.  Рускиот претседател му рекол на Макрон дека операцијата на руската армија се развива „според планот” и дека ќе се „влоши” доколку Украинците не ги прифатат неговите услови, објави француското претседателство.

Путин му дал на Макрон „аргументирани објаснувања за улогата на неонацистите во државната политика на Киев” и повторил дека условите на Русија во преговорите се демилитаризација на Украина и нејзиниот неутрален статус, за да нема опасност за Русија од нејзина територија.

На обвинувањата на Путин упатени кон Украинците, Макрон одговори дека прави голема грешка против украинскиот режим, „кој не е нацистички”.

„Ти зборуваш сешто, бараш изговори”, возвратил Путин и го повикал својот француски колега „да не се лажат”, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Француското претседателство додаде дека ќе ги зајакне санкциите против Русија, оценувајќи дека се работи за многу моќна алатка, што може да се види со падот на вредноста на рубљата.

„Украинците храбро се борат. Ништо не е готово, но односот на силите е неурамнотежен”, се додава во соопштението, истакнувајќи го „песимизмот” на Макрон по тој разговор.

Париз,  ја оцени како „многу значајна” одлуката на Кина да се воздржи во ОН кога резолуцијата со која се повикува на итен прекин на употребата на сила против Украина беше изгласана со огромно мнозинство.

Слично

Поврзани вести