МАКРОН СПРОВЕДУВА РЕФОРМИ НА ГРБОТ НА НАРОДОТ: Протестите стануваат масовни
Ширум Франција се зголемуваат протестите поради новиот закон што претседателот Емануел Макрон вчера го протурка низ парламентот во посебна процедура. Француската премиерка Елизабет Борн искористи специјална уставна процедура за да ја изгласа пензиската реформа на Макрон во парламентот без гласање.
Левичарската опозиција го поздрави овој потег со галама, свирежи и пароли против реформите. Во францускиот парламент во знак на протест се пееше и Марселезата.
Постапката од член 49 точка 3 од Уставот овозможува донесување закон со кој за две години ќе се зголеми границата за пензионирање на 64 години, по неколкунеделни протести и жестока јавна расправа.
Реформа на Макрон во пензискиот систем
Клучната точка на реформата е да се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Дополнително, треба да се зголеми бројот на години потребни за уплата во пензискиот систем, а минималната пензија да се зголеми на 1.200 евра.
Макрон и владата велат дека подоцнежното пензионирање е неопходно за да се извади пензискиот систем од црвено до крајот на деценијата.
